ПРВ.мк

Нов скандал со украинскиот претседател? Како ќе реагира Трамп после изјавата на Зеленски?

Нов скандал со украинскиот претседател? Како ќе реагира Трамп после изјавата на Зеленски?

Зеленски остро против Виткоф: „Нема мандат да зборува за украинска територија“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека специјалниот пратеник на американскиот претседател, Стивен Виткоф, нема овластување да преговара со Русија во име на Украина, особено кога станува збор за територијалниот суверенитет и областите што се моментално под руска контрола.

– Денес зборуваме единствено за безусловен прекин на огнот. Сè додека тоа не се случи, темата за териториите не е на маса – изјави Зеленски на прес-конференција.

„Црвените линии се јасни“

Vero

Зеленски повтори дека за Украина „црвените линии“ се одамна поставени и нема отстапување од нив. Според него, Киев никогаш нема да прифати легитимизација на било која „привремено окупирана територија како руска“.

Обвинувања за пренесување на руски наративи

Претседателот остро реагираше и на последните изјави на Виткоф, обвинувајќи го дека го презема реторичкиот пристап на Москва.

– Тоа е сериозен проблем. Без разлика дали го прави тоа свесно или не, Виткоф ја шири руската стратегија. Наместо да помогне во решавање на конфликтот, тој само го комплицира – изјави Зеленски.

„Нема право да дискутира за украинска земја“

Зеленски беше дециден дека Виткоф не е овластен да зборува за териториите на Украина.

– Тие области ѝ припаѓаат на нашата земја, на нашиот народ – не само на денешните Украинци, туку и на идните генерации. Искрено, не разбирам на што се повикува. Сето тоа што го слушнавме звучи како повторување на зборовите на Путин – додаде тој.

Во својата изјава Зеленски изрази загриженост што, како што рече, сè уште има поединци во цивилизираниот свет кои продолжуваат да пренесуваат и оправдуваат руски наративи.

Agria