Утре, на 24 април (четврток), поради планирани интервенции на електроенергетската мрежа, повеќе села од тетовскиот регион ќе останат без електрична енергија во периодот од 09:00 до 14:00 часот.
Прекин на снабдувањето со струја ќе има во следните населени места:
Долно Палчиште – делови од селото во близина на бензинската пумпа „Нес Петрол“ Мала Речица – објекти во близина на Шулани Пирок – дел од селото кај влезот од автопатот ТЕ – ГВ Требош – делови во близина на центарот на селото
Од ЕВН апелираат до граѓаните да ги прилагодат своите активности согласно најавените прекини.