Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, по денешниот обид за негово приведување излезе со остри изјави, нагласувајќи дека законите на Босна и Херцеговина повеќе нема да се применуваат на територијата на Република Српска, пренесе ХРТ.
Додик порача дека не се плаши од апсење и остро ги критикуваше Агенцијата за истраги и заштита (СИПА) и Судот на БиХ, нарекувајќи ги „окупаторска сила“ која, како што рече, нема да дозволи да делува во РС. „Ако мислат дека полицијата на Република Српска ќе се повлече, се лажат“, изјави Додик, додавајќи дека се чувствува доволно заштитен.
Тој истакна дека дојдено е време да се покаже кој навистина ги крши законите, а до инспекторите на СИПА упати порака дека „дури сега ќе видат што не можат да направат“.
Во своите изјави, Додик не застана тука – директно се закани и на високиот претставник во БиХ, Кристијан Шмит, велејќи дека „сега ќе види како се приведува некој за лажно претставување“, обвинувајќи го Шмит за „криминално и фашистичко однесување“.
Претседателот на ентитетот дополнително алармираше со тврдења дека Шмит подготвува закон кој се однесува на статусот на државната сопственост во БиХ. Според Додик, ако таков закон навистина се донесе, Република Српска веднаш ќе прогласи отцепување од БиХ.
„Ќе се одделиме и ќе го браниме нашиот имот“, рече тој, повторувајќи ја реториката за самостојност на ентитетот.