ПРВ.мк
Наука/Технологија

„Маргарин: Зошто е толку евтин и што навистина јадете кога го мачкате на лебот“

„Маргарин: Зошто е толку евтин и што навистина јадете кога го мачкате на лебот“
Kariera
Kristal

Иако многумина го користат за печење, готвење или мачкање на леб, малку кој размислува што всушност е маргарин и зошто е толку евтин.

Маргарин е индустриски емулгирана мешавина на билни масла и вода, додека путерот е природен млечен производ. Маслата во маргаринот најчесто потекнуваат од сончоглед, соја или репка и се обработуваат за да се добие потребната текстура. Порано се користела делумна хидрогенизација која создавала транс масти, но денес се применува интерестерфикација за безбедни и стабилни масни киселини.

Покрај мастите и водата, маргарин содржи емулгатори, ароми, бои и конзерванси, кои се мешаат под висок притисок и температура до хомогена смеса. Таа потоа се лади и пакува, создавајќи евтин, индустриски продукт со долг рок на траење.

Ниската цена на маргаринот се должи на евтините суровини, индустријализираниот процес и фактот дека не бара зреење или посебни услови за складирање. Овие карактеристики го прават маргаринот комерцијално исплатлив, но не секогаш најздрав избор.

Сè повеќе луѓе се одлучуваат за природни алтернативи – путер, кокосово масло или авокадо – поради вкусот, текстурата и здравствените придобивки.

SWM
Mozzart
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo