ПРВ.мк
Македонија

Скандал во МВР: Полицаец со закани кон свој колега по сообраќаен прекршок!

Скандал во МВР: Полицаец со закани кон свој колега по сообраќаен прекршок!
Kariera
Kristal

Скандал во Министерството за внатрешни работи: вработен бил приведен во Скопје поради сообраќаен прекршок и непристојно однесување кон полицаец.

Според извори, инцидентот се случил на крстосница во центарот на градот, кога полициски службеник вршел регулација на сообраќајот и запрел патничко возило „Мерцедес“ кое претекнувало колона и се движело во спротивна насока. Кога возачот бил побаран да се легитимира, тој се претставил како вработен во МВР, но немал лична карта кај себе.

Наместо соработка, лицето започнало дрско и непристојно однесување, упатувајќи закани кон службеникот дека ќе контактира со својот началник и ќе влијае на неговото преместување. Поради продолжување на прекршокот и непочитување на наредбата, тој бил веднаш приведен во Полициската станица Центар, каде бил потврден идентитетот.

Според неофицијални информации, надлежниот сектор веќе започнал дисциплинска постапка против вработениот. Инцидентот го отвора прашањето за дисциплината и однесувањето на поединци во институции на кои граѓаните најмногу им веруваат за безбедноста и редот во земјата.

SWM
Mozzart
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo