ПРВ.мк

Шефот на компанијата Apple: Подгответе се за најновиот член на нашата фамилија (ВИДЕО)

Шефот на компанијата Apple: Подгответе се за најновиот член на нашата фамилија (ВИДЕО)
VERO Banner

Изгледа дека Apple е подготвен да прикаже нешто ново.

Во објава на платформата Х, генералниот директор на Apple, Тим Кук на фановите на брендот им најави да се подготват за нов член на фамилијата.

За каков производ се работи, останува мала мистерија, но нема уште долго да чекаме за да дознаеме за што станува збор.

Откривањето на новиот производ ќе се случи на 19. февруари.

Објавата на Кук вклучува и анимирана фотографија од логото на компанијата, на она што делува како отсјај од AirTag уред.

Гласините кои кружат велат дека компанијата би можела да претстави втора генерација од уредот во некој момент од оваа година. Се очекува AirTag 2 да има поголем домет и звучник кој тешко ќе може да се отстрани.

Покрај ова, извештајот сугерира дека компанијата наскоро ќе го претстави и новиот iPhone SE модел. Се веруваше дека тоа ќе се случи во текот на оваа недела, но останува да видиме дали и овој уред можеби е планиран за 19. февруари.

Компанијата Apple во план го има и претставувањето на новиот Apple Vision Pro уред, како и MacBook Air со M4 чипсет.

Судејќи според гласините, компанијата ќе има полни раце работа во наредните недели како можеме да очекуваме голем број новитети од компанијата од Купертин.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран