ПРВ.мк

Ова засекогаш ќе го промени начинот на кој го користите Инстаграм: Новата функција која сите ја чекаат

Ова засекогаш ќе го промени начинот на кој го користите Инстаграм: Новата функција која сите ја чекаат
VERO Banner

Instagram се подготвува да воведе нова функција наречена „Community Chats“, која ќе овозможи групни разговори за до 250 корисници истовремено, слично на каналите во Telegram и серверите на Discord. Ова откритие дојде од истражувачот на апликациски код, Alesandro Palucio, кој ги сподели визуелните елементи на оваа функција во развој.

Групните разговори ќе бидат отворени за сите корисници кои сакаат да се приклучат и да разменуваат пораки во рамките на заедницата. Meta продолжува со стратегијата на трансформација на социјалните апликации во платформи за различни видови содржина и комуникација.

За разлика од постоечките broadcast канали на Instagram, каде само креаторите можат да објавуваат содржина, „Community Chats“ ќе овозможи двонасочна комуникација помеѓу креаторите и нивните следбеници, што ќе ја промени динамиката на интеракцијата на платформата.

Модерација како клучен предизвик

„Community Chats“ нема да биде просторија без правила. Креаторите ќе можат да назначат администратори за модерирање на разговорите, отстранување на неподобни пораки и исклучување на членови кои ги кршат правилата.

Instagram ќе ги проверува содржините на групните разговори според своите насоки, но не е јасно кои дисциплински мерки ќе бидат преземени за проблематични членови или за целите заедници.

Креаторите ќе имаат можност да ги постават своите чат групи како затворени, така што само одобрените корисници ќе можат да се приклучат. Како и во broadcast каналите, корисниците ќе можат да ги рекламираат своите „Community Chats“ на профилите и каналите.

Меѓу иновацијата и потенцијалниот хаос

Во моментов, единствената функција за заедници на Instagram се broadcast каналите, кои се наменети за креаторите и инфлуенсерите. Тие овозможуваат објавување на текстови, видеа и слики, но членовите не можат да делат свои објави. „Community Chats“ планира да го надмине ова ограничување.

Главен предизвик за оваа функција ќе биде ефективната модерација на содржината. Meta веќе доби значајни критики за дозволување на проблематичен материјал кој поддржува омраза и насилство на своите платформи, без соодветна контрола.

Затворените „Community Chats“ би можеле да станат места за ширење неподобна содржина без надзор, па останува да се види дали Instagram ќе успее да спречи оваа функција да се претвори во хаос.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран