ПРВ.мк
Наука/Технологија

КРАЈ НА ЕРАТА НА БЕСПЛАТНИОТ ИНТЕРНЕТ: Редит наскоро се заклучува – еве само кои ќе може да го користат!

КРАЈ НА ЕРАТА НА БЕСПЛАТНИОТ ИНТЕРНЕТ: Редит наскоро се заклучува – еве само кои ќе може да го користат!

Популарната интернет-платформа „Редит“ (Reddit) најави голема промена во начинот на функционирање, според која пристапот до содржините на сајтот наскоро ќе биде можен исклучиво за пријавени корисници, пренесува технолошкиот портал „9to5google“.

Како што потврди извршниот директор на компанијата, Стив Хафман, во писмото до акционерите и во објава на самата платформа, овој чекор има за цел целосно редизајнирање на корисничкото искуство, унапредување на безбедноста и заштита на вредната база со податоци. Иако прецизниот временски рамка за целосна имплементација сè уште не е дефиниран, компанијата најави дека во текот на четвртиот квартал ќе започне со првични тестирања на одбрани пазарни подрачја надвор од Соединетите Американски Држави, по што решенијата ќе бидат имплементирани на глобално ниво.

Главните причини за овој капитален заокрет лежат во значајниот пад на сообраќајот од интернет-претражувачите кои во третиот квартал бележеа просек од над милион неделни посвети од нерегистрирани посетители, како и во спречувањето на неавторизирано собирање и „кражба“ на податоци од страна на компании кои ги користат за развој на системи за вештачка интелигенција. Раководството на компанијата нагласи дека најголемиот дел од таквите нелегитимни пристапи доаѓале токму преку корисници кои не поседуваат активни профили.

И покрај строгите новитети кои ќе влијаат и на користењето во анонимен режим, од компанијата најавија дека наметнатите ограничувања сепак ќе задржат одредена флексибилност, па така дел од содржините на насловната страница и понатаму ќе останат достапни за посетителите кои доаѓаат преку надворешни линкови и пребарувачи. Паралелно со овие мерки, „Редит“ воведе и нов, редизајниран анонимен режим во рамките на мобилната апликација, како и нова персонализирана почетна страница под називот „За тебе“ (For You).

Најнови вести