ПРВ.мк

Sony објави изненадувачки резултати од продажбата на PlayStation 5

Sony објави изненадувачки резултати од продажбата на PlayStation 5
VERO Banner

Sony објави дека имале рекордна празнична сезона, кога е во прашање продажбата на PlayStation 5 конзолата. Продадени се 9,5 милиони уреди во текот на претходните три месеци (третото тромесечие од 2024 година).

Овој резултат претставува зголемување на продажбата за 1,3 милиони во однос на продажбата од истото тромесечие на претходната година. Вкупно гледано, PlayStation 5 конзолата е продадена во 74,9 милиони примероци, што е рекорд на сите времиња за оваа конзола.

Рекордното тромесечие значи и тоа дека Sony PS5 конзолата заостанува само 1,5 милиони примероци зад PS4 моделот во рамките на продажниот циклус во истиот временски период.

Sony бележи и раст во продажбата на видео игри, па во текот на третото тромесечие се продадени 95,9 милиони примероци во споредба со 89,7 милиони од претходното тромесечие. Бројот на месечни корисници на PlayStation мрежата исто така бележи раст од 123 на 129 милиони.

Кога е во прашање наредниот период, Sony има високи очекувања од продажбата на игри во текот на 2025 година, вклучувајќи наслови како што се Death Stranding 2 и Ghost of Yotei, а посебно во текот на есента кога се очекува и Grand Theft Auto 6.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран