ПРВ.мк
Наука/Технологија

Instagram ги изненади корисниците со ново неочекувано ограничување

Instagram ги изненади корисниците со ново неочекувано ограничување
Escape

Instagram воведе нова рестрикција – јавните и приватните профили со помалку од 1.000 следбеници повеќе немаат можност да користат Live функција. Корисниците кои се обидуваат да започнат пренос во живо добиваат порака дека се променети условите и дека само профили со 1.000+ следбеници можат да користат видео во живо.

Meta потврди дека станува збор за нова глобална политика, со цел да се подобри искуството за креаторите и гледачите. Сепак, компанијата не објасни зошто помалите профили се исклучени од оваа опција. Промената веќе стапува на сила за јавните профили, а наскоро и за приватните, што значи и крај за функцијата за Live меѓу блиски пријатели, воведена во 2024 година.

Mia Home Mavrovo