Маск изјавил дека ќе ја повлече понудата доколку управниот одбор на калифорниската фирма "ја зачува мисијата за добротворна организација" и се сопре трансформацијата во копорација ориентирана само кон профит.
Во денешниот извештај на американскиот суд во Калифорнија, се наведува дека понудата на Маск да ја купи непрофитабилната организација е сериозно, но дека е спремен да се откаже во случај фирмата и понатаму да сака да ја сочува својата првобитна непрофитабилна стратегија.
Калифорниската компанија за развој на вештачка интелигенција Open AI е основана во 2015 како непрофитабилна организација, а Маск беше еден од нејзините основачи.
Фирмата во 2019 година, после заминувањето на Маск креираше помали одделение за ограничен профит, но непрофитабилното оделение Open AI и понатаму е единствениот контролен акциониер во целата групација.
Open AI во моментов е во процес на реструктурализација во традиционална компнија ориентирана на профит, а Маск, според зборовите на властите, сака да го сопре целиот процес за кој смета дека е предавство на првобитните принципи.
"Ја дизајниравме структурата во Open AI така што ќе можеме да изградиме општа вештачка интелигенција која е безбедна и корисна за целото човештво" се наведува на веб страницата на компанијата.
Фирмата нагласува дека од почетокот било јасно дека проектот ќе бара огромен капитал и дека наскоро се покажало дека донациите нема да бидат доволни, така што се најави основање на профитна организација која би ги следела првобитните цели.