ПРВ.мк

Истражување: Како влијае користењето на вештачка интелигенција врз умот и телото на луѓето за само една година?

Истражување: Како влијае користењето на вештачка интелигенција врз умот и телото на луѓето за само една година?
VERO Banner

Истражувањето на 300 вработени во Microsoft, креаторот на системот за вештачка интелигенција Copilot, покажа „самопријавено намалување на когнитивниот напор“ кај многу корисници кои користат вештачка интелигенција на повеќе од 900 начини на работа, пренесува агенцијата dpa.

Доколку се користат „на погрешен начин, технологиите доведуваат до опаѓање на когнитивните способности кои треба да се зачуваат“, предупредуваат научниците во трудот што ќе биде претставен кон крајот на април и почетокот на мај на Конференцијата за компјутерски науки и човечки фактори во Јокохама, Јапонија.

„Поголемата доверба во вештачката интелигенција е поврзана со намалено критичко размислување, а поголемата самодоверба е поврзана со посилно критичко размислување“, тврди тим на научници од Универзитетот Карнеги Мелон.

Со други зборови, употребата на вештачка интелигенција може да резултира со тоа што луѓето ќе останат со едноставни секојдневни задачи како проверка на често непредвидливите дејства на ботови, наместо когнитивно потешките задачи за креирање стратегии и решавање на проблеми, сугерира истражувањето.

„Генеративната вештачка интелигенција го пренасочува критичкото размислување кон валидација на информации, интеграција на одговорите и управување со задачи“, објави тимот на Microsoft-CMU по евалуацијата на одговорите на своите вработени кои користеле ботови како ChatGPT за задачи како пишување меил или прегледување на работата на нивните колеги.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран