Според најновите прогнози, од 17 март Македонија и Балканот ќе бидат погодени од значително заладување, проследено со почести и понекогаш пообилни врнежи.
Метеоролозите предупредуваат дека студен воздух од север ќе продира низ регионот, што ќе предизвика осетен пад на температурите во повеќе делови од земјата. Во пониските предели се очекуваат врнежи од дожд, додека на планините тие ќе бидат од снег.
Поради продорот на студената воздушна маса, на повисоките места ќе се формира снежна покривка, а условите ќе бидат особено непогодни за патување и активности на отворено.


















