ПРВ.мк
Свет

Само една објава на социјалните мрежи – и завршиле во притвор: Десетици луѓе уапсени, казните се огромни!

Само една објава на социјалните мрежи – и завршиле во притвор: Десетици луѓе уапсени, казните се огромни!
Kristal

Властите во Обединети Арапски Емирати започнаа широка акција против лица кои снимале и споделувале видеа поврзани со безбедносни настани и конфликти на социјалните мрежи. Според информации што ги објави Daily Mail, бројот на приведени се приближува до стотина.

Најголем дел од апсењата се случиле во Абу Даби, каде што полицијата привела најмалку 45 лица од различни националности. Тие се сомничат дека снимале на повеќе локации и ги објавувале видеата на интернет во период кога во регионот се случуваат чувствителни безбедносни настани.

Слични случаи се регистрирани и во Дубаи, каде што се приведени најмалку 21 лице, меѓу кои и 60-годишен британски турист. Според неофицијални извори, вкупниот број на приведени низ земјата може да биде значително поголем.

Властите тврдат дека дел од објавите содржеле неточни или заблудувачки информации, што според нив може да предизвика паника и ширење гласини меѓу јавноста. Поради тоа, безбедносните служби внимателно ги следат социјалните мрежи и реагираат кога ќе се забележи прекршување на строгите правила.

Полицијата во Дубаи предупреди дека секој што ќе сподели непроверени информации или содржини спротивни на официјалните соопштенија може да се соочи со сериозни последици. Законот предвидува затворски казни и парични глоби кои достигнуваат најмалку 200.000 дирхами, односно повеќе од 40.000 евра.

Граѓаните и посетителите исто така се предупредени да не фотографираат чувствителни или безбедносни објекти. Според властите, дури и обична фотографија може да открие информации што би можеле да ја загрозат безбедноста на државата.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo