Портпаролот на Иранска револуционерна гарда директно го предизвика американскиот претседател Доналд Трамп по неговите изјави дека американските сили ги уништиле иранските воени капацитети.
„Ако Трамп навистина тврди дека ја уништил нашата морнарица, нека влезе во Ормутскиот теснец и Персискиот Залив, ако има храброст“, рече портпаролот.
IRGC е елитна воена организација формирана по Исламска револуција, која дејствува паралелно со редовната иранска војска и има значајна улога во одбраната на режимот, како и во ирански операции во странство. САД ја сметаат оваа организација за терористичка, а нејзиното влијание се протега и во политиката и економијата на земјата.
Во последните денови, Трамп повеќепати тврдеше дека американските и израелските напади го парализирале иранското воено присуство, вклучувајќи ја морнарицата и воздухопловството, додека ракетите и дроновите се уништени.
Ормутскиот теснец – клучен премин низ кој поминува околу петтина од светската трговија со нафта – е практично затворен за танкери по почетокот на конфликтот. Иран изведувал напади и закани за минирање на пловниот пат, додека САД најавуваат испраќање воени бродови за повторно отворање на рутата.

















