Инцидент се случил на 09.12.2025 околу 16:45 часот на крстосницата од ул. „Франклин Рузвелт“ и ул. „Орце Николов“ во Скопје. 62-годишната Ј.Ф. била удрена од патничко возило „тојота“ со скопски регистарски ознаки, управувано од жена.
По ударот, возачката ја однела повредената во приватна здравствена установа, каде што таа добила преглед, но потоа се вратиле дома без да пријават во полиција.
Полицијата од СВР Скопје изврши службен разговор со возачката и презема мерки за целосно расчистување на случајот.















