ПРВ.мк
Македонија

ВРЕМЕТО ЌЕ СЕ СМЕНИ: По сончевиот период следува пресврт, УХМР открива кога пристигнуваат врнежите!

ВРЕМЕТО ЌЕ СЕ СМЕНИ: По сончевиот период следува пресврт, УХМР открива кога пристигнуваат врнежите!

Денеска времето во Македонија ќе започне со ведро и посвежо утро, а во текот на денот се очекува претежно сончево време со мала до умерена локална облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој на места долж Повардарието повремено ќе засилува.

Утринските температури ќе се движат од 5 до 12 степени Целзиусови, додека дневните максимални температури ќе достигнат од 15 до 24 степени.

Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност. И во главниот град ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Според најавата на УХМР, во четврток временските услови ќе останат стабилни, но утрата ќе бидат свежи.

Позначајна промена се очекува во петок, кога ќе има врнежи од дожд, а на места тие ќе бидат и пообилни. Тоа ќе претставува промена во однос на стабилното време што ќе преовладува во претходниот период.

По петочните врнежи, според прогнозата, повторно следува период на стабилно време, но со пониски утрински температури.