ПРВ.мк

Временска прогноза: Еве какво време ја очекува Македонија денес

Временска прогноза: Еве какво време ја очекува Македонија денес
Vero

Променливо облачно и топло време, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Денеска не очекува променливо облачно и топло време со сончеви интервали. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Во попладневните часови, на повеќе места се очекува појава на нестабилност проследена со локален пороен дожд и грмежи. Минималните утрински температури ќе се движат од 6 до 13 степени Целзиусови, додека максималните дневни ќе достигнат од 23 до 29 степени.

Во Скопје времето ќе биде слично – променливо облачно со сончеви периоди. Попладне, особено во делови од котлината, ќе има услови за нестабилно време со пороен дожд и грмежи. Температурата ќе се движи од минимални 12 до максимални 27 степени.

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утрешниот ден ќе донесе услови за изолирана нестабилност, со умерен југозападен ветер. Од викендот, нашето подрачје ќе биде под влијание на нов влажен бран, кој ќе донесе врнежи од дожд, локално во форма на невреме. Се очекува пообилен дожд со количества над 30 литри на квадратен метар, проследен со грмежи и засилен ветер. Со тоа, дневните температури ќе бележат опаѓање.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран