ПРВ.мк
Македонија

Возачот кој го усмрти Југо е спроведен во Шутка по одлуката за притвор

Возачот кој го усмрти Југо е спроведен во Шутка по одлуката за притвор
Escape

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 ја изменил претходната одлука на судијката за претходна постапка и му определил затворски притвор на Фатон Љ., кој го прегази 68-годишниот Југослав Николовски на пешачка премин кај паркот на Франкофонијата, јави „Слободен печат“.

Првично, по сообраќајната несреќа, на обвинетиот му беше определен куќен притвор, но по жалбата на обвинителството судот ја промени одлуката и го испрати во затвор.

Од судот информираат дека моторџијата веќе е спроведен во затворот Шутка, каде ќе остане додека трае притворот. Оваа мерка следува по сериозноста на настанот и поради загрозување на јавниот ред и безбедност.

Mia Home Mavrovo