Зголемена потрошувачката на енергенси во февруари – домашното производство покрива над 80% од потребите
Во февруари 2025 година во земјава се потрошени вкупно 692.461 мегават-час електрична енергија, 39,165 милиони нормални кубни метри природен гас, 574.134 тони јаглен и 85.541 тон нафтени деривати.
Според податоците што денеска ги објави Државниот завод за статистика, 82,4% од вкупно потрошената енергија потекнува од домашно производство, што укажува на високо ниво на енергетска самостојност. Интересен е и податокот дека 99,4% од вкупно потрошениот јаглен бил искористен за производство на електрична енергија.
Бруто-производството на електрична енергија во февруари изнесувала 570.529 мегават-часови, што претставува 82,4% од вкупната бруто-домашна потрошувачка.
Во споредба со истиот месец лани, статистиката покажува умерен раст – потрошувачката на природен гас е зголемена за 3,3%, а на нафтените продукти за 4,5%.