ПРВ.мк
Македонија

(ВИДЕО) Македонски лекар прегази куче и продолжи да вози преку него!

(ВИДЕО) Македонски лекар прегази куче и продолжи да вози преку него!
Kristal

Македонски лекар од Воено-медицинската академија во Софија се соочува со казна затвор до пет години откако со автомобил прегази куче во населба во главниот бугарски град.

Снимки од надзорни камери покажуваат дека тој го гази кучето, излегува од автомобилот, го гледа згмеченото животно, се враќа во возилото и продолжува да вози преку него пред да замине.

Соседите кои се грижеле за кучето, старо 12 години, организираа протест барајќи најстроги казни. Гаражата на лекарот била обоена со натпис „Убиец“.

„Како може доктор, кој е одговорен за спасување животи, да му го одземе животот на животно? Шокирана сум“, изјави една соседка. Други сведоци велат дека постапката била намерна, бидејќи кучето поради возраста не можело брзо да се помести од патот.

ВИДЕО

Escape