ПРВ.мк

[ВИДЕО] Куче влечено со автомобил во Крива Паланка, кривична пријава против 23-годишник

[ВИДЕО] Куче влечено со автомобил во Крива Паланка, кривична пријава против 23-годишник
Jumbo Banner

Кривична пријава за мачење животни

ОВР Куманово до ОЈО Крива Паланка ќе поднесе кривична пријава против А.А. (23) од Крива Паланка поради сомнение за сторено кривично дело „мачење животни“ по чл. 233 од КЗ.

На 10.05.2025 во 23.30 часот во ОВР Крива Паланка било пријавено дека на социјална мрежа е објавена видео снимка, на која се гледа како во Крива Паланка, куче било врзано за патничко моторно возило во движење и кучето било принудено да трча.

Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициските службеници од ОВР Крива Паланка и било утврдено дека сопственик на возилото и кучето е А.А. (23) од Крива Паланка. Со него е извршен службен разговор и против него ќе биде поднесена кривична пријава.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран