Од Управата за хидрометеролошки работи (УХРМ) за денеска најавија претежно облачно време со врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег
По вчерашниот пролетен и претежно сончев ден, денеска делови од земјата се зафатени од снежни врнежи и студено време.

Снег од утрово вее на планискиот премин Стража, за што сведочат и видеата што дел од порталите ги објавија на социјалните мрежи, а кои велат ги добиле од граѓани кои патуваат преку овој патен правец.
На видеото што го објави Порта.мк на преминот Стража се гледаат пообилни врнежи од снег, проследени со засилен ветер.
Од Управата за хидрометеролошки работи (УХРМ) за денеска најавија претежно облачно време со врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег.
Денеска се очекува да биде и ветровито, а наместа ветрот ќе дува и со брзина и над 70 километри на час.
Според Управата за хидрометеоролошки работи облачното, студено и ветровито време ќе се задржи и утре на територијата на земјава, каде наместа ќе провејува слаб снег.