Венко Филипче ќе ги води СДСМ на локалните избори. По денешното внатрепартиско гласање на кое единствен кандидат беше Филипче, тој доби нов четири годишен мандат. Членството на партијата денеска гласаше на 78 избирачки места низ државата. Од осум часот утрово па се до 20 часот вечерва право на глас имаа 23 илјади партиски членови кои се регистрирани во партијата.