ПРВ.мк

Луѓето добиле психички проблеми после гледањето на овој филм – Нетфликс итно го повлекува

Луѓето добиле психички проблеми после гледањето на овој филм – Нетфликс итно го повлекува

Нетфликс наскоро ќе го избрише еден од своите најстрашни филмови – хоророт “Hereditary”, кој некои оставил без здив, а други со сериозни психолошки последици. Луѓето тврдат дека по гледањето на филмот имале ноќни кошмари, анксиозност, па дури и ПТСП.

Ако сè уште не сте го гледале, имате време до 15 април – тогаш филмот засекогаш исчезнува од Нетфликс!

Филмот следи една семејна приказна, која се обидува да се справи со смртта на бабата, но многу брзо откриваат дека таа била дел од мрачна секта. Во центарот на приказната е необичната девојка по име Чарли, која прави фигури од ѓубре, црта застрашувачки слики и постојано испушта чуден звук. Нејзината смрт во филмот е една од најшокантните сцени во новиот хорор, и тоа е само почетокот.

Тука се и спиртуалните сеанси, демони, голотија, отсекување глави, самоубиства и многу сцени кои не се за луѓе со слабо срце. Една сцена прикажува мајка која си го сече вратот со жица, додека нејзиниот син ја гледа во шок.

Vero

Гледачите ширум светот пишувале дека некои сцени ги оставиле многу вознемирени, а наводно еден член на филмската екипа добил психолошки пореметување по снимањето. Филмот беше пофален за добрата глума и атмосфера, но многумина сметаат дека е премногу долг и тежок за гледање.

“Hereditary” имаше високи оценки, но не е за секого. Ако сакате страшни и болесни хорори, ова е за вас. Ако не, можеби подобро е да го прескокнете.

Agria