Поради воведување посебен режим на сообраќај, во понеделник (19 јануари) повеќе улици во Скопје ќе бидат затворени за возила, информираат од СВР Скопје.
Посебниот сообраќаен режим ќе го спроведува Единицата за безбедност на патниот сообраќај, а затворањата ќе важат на следните локации:
🔴 Центар
За сообраќај ќе биде затворена улицата „Филип Втори Македонски“, на потегот:
- од крстосницата со бул. „Гоце Делчев“
- до крстосницата со ул. „11 Октомври“,и тоа во двете насоки.
🔴 Општина Ѓорче Петров
Ќе бидат затворени:
- сообраќајницата од црквата „Св. Петар и Павле“,
- бул. „Партизански Одреди“ до ул. „Ѓорче Петров“,
- ул. „Ѓорче Петров“ до ул. „Васил Чакаларов“,
- како и дел од трасата од црквата „Св. Пантелејмон“, ул. „Козле“, дел од ул. „Васил Чакаларов“ до Железничкиот мост на реката Вардар.
🔴 Општина Аеродром
За сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон Горно и Долно Лисиче.
Од СВР Скопје апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат насоките и наредбите на униформираните полициски службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

















