ПРВ.мк
Македонија

Важни информации за сите кои утрово патуваат

Важни информации за сите кои утрово патуваат
Kristal

Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива без поголеми проблеми. Коловозите се претежно суви, а интензитетот на движење надвор од градските средини е умерен, соопшти Автомотосојузот на Македонија.

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез или излез од државата, што овозможува непречено патување.

Од Диспечерско-информативниот центар на ЈП „Македонијапат“ предупредуваат дека кај Демир Капија видливоста е намалена на околу 50 метри поради густа магла. Дополнително, на некои патни правци низ усеци и клисури може да се појават помали одрони, кои редовно се расчистуваат.

Возачите се повикуваат да возат внимателно и адаптирано, да ја почитуваат поставената сигнализација и да бидат особено претпазливи во котлините, речните долини и клисурите каде што постои ризик од одрони.

FixCredit
Escape