ПРВ.мк
Македонија

УТРЕ МРАК ВО ТЕТОВО И ОКОЛИНАТА: делови од градот и четири села без струја – проверете дали сте меѓу нив!

УТРЕ МРАК ВО ТЕТОВО И ОКОЛИНАТА: делови од градот и четири села без струја – проверете дали сте меѓу нив!
Kristal

Поради однапред најавени технички интервенции на електродистрибутивната мрежа, утре (21 јануари) ќе има прекини во снабдувањето со електрична енергија во повеќе локации во Тетово и околните населени места.

Според информациите, во периодот од 09:00 до 14:00 часот, без струја ќе останат одредени делови од град Тетово. Прекинот ќе ги зафати објектите на улицата „29 Ноември“, особено оние во близина на Градската болница, како и индустриските капацитети ЗИК Ладилник и ЗИК Млекара.

Во истиот временски интервал, електрична енергија нема да има ниту во селата Беловиште и Вратница, како и во месноста позната под името Честодубје.

Дополнителни прекини се најавени и во други населени места. Така, од 09:00 до 14:30 часот, дел од селото Порој ќе биде без струја, конкретно објектите лоцирани покрај патниот правец кон селото Ѓермо. Исто така, дел од селото Доброште ќе остане без електрична енергија во периодот од 09:30 до 14:30 часот.

Надлежните апелираат граѓаните навреме да ги прилагодат своите обврски и да преземат соодветни мерки додека траат планираните работи на мрежата.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo