ПРВ.мк
Македонија

УПРАВИТЕЛ БЕЗ ЛИЦЕНЦА НАПЛАЌАЛ ОД СТАНАРИ: Се „послужил“ со 208.500 денари!

УПРАВИТЕЛ БЕЗ ЛИЦЕНЦА НАПЛАЌАЛ ОД СТАНАРИ: Се „послужил“ со 208.500 денари!

СВР Тетово поднесе кривична пријава против правен субјект од Гостивар и против В.Д. (44) од Гостивар поради сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „послужување“.

Според информациите, во текот на 2025 година, фирмата иако останала без лиценца за управување со станбени згради, продолжила да наплатува од станарите, претставувајќи дека врши услуги како реновирање и уредување на заедничките простории.

На тој начин, како што информира МВР, се стекнала со противправна имотна корист од 208.500 денари, средства наменети за резервен фонд.

Второпријавениот В.Д. се сомничи дека неовластено се послужил со истите средства кои му биле доверени од станарите во зградата.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.