ПРВ.мк
Македонија

ШТО СЕ СЛУЧУВА?: Дете со месеци малтретирано од малолетници во градски автобус!

ШТО СЕ СЛУЧУВА?: Дете со месеци малтретирано од малолетници во градски автобус!

Дете од Скопје со месеци било изложено на вербално и психичко малтретирање од група малолетници додека се возело во градски автобус.

Според информациите од МВР, случајот го пријавила 47-годишна мајка во СВР Скопје, која посочила дека нејзиниот малолетен син во повеќе наврати бил навредуван и вознемируван.

Инцидентите се случувале во текот на март и овој месец, а зад нив стоела иста група од четворица малолетници.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот, идентификување на сторителите и утврдување на сите околности.