ПРВ.мк
Македонија

Ученици од Кавадарци создаваа велигденски дела за хуманитарна намена

Ученици од Кавадарци создаваа велигденски дела за хуманитарна намена

Во рамки на велигденските активности во Кавадарци, денеска во Винскиот музеј се одржа креативна работилница на која учествуваа ученици од сите општински основни училишта. Настанот беше исполнет со празничен дух, детска креативност и силна хуманитарна порака.

На работилницата, учениците изработуваа уникатни велигденски украси и рачни творби, покажувајќи голема посветеност, талент и желба да придонесат во една благородна акција. Нивните креации ќе бидат изложени и понудени на продажба утре на Базарот што ќе се одржи на градскиот плоштад, со почеток во 10:30 часот.

Средствата собрани од продажбата ќе бидат наменети за хуманитарни цели, што на овој настан му дава уште поголема вредност и значење. Со вакви иницијативи, Кавадарци уште еднаш покажува дека празниците се вистинска можност за заедништво, хуманост и поддршка на оние на кои им е најпотребна.

Настанот испрати убава порака дека преку детската креативност и заедничката ангажираност може да се создадат дела што не само што радуваат, туку и помагаат.