Српската полиција уапси македонски државјанин кој при контрола на патничко возило било пронајдено вкупно 1.303 електронски цигари („вејп“) од различни марки, пренесувани без дозволи и одобренија издадени од надлежните органи.
Осомничениот се товари за кривично дело недозволен промет на акцизни производи. Од полицијата истакнуваат дека лицето ќе биде спроведено пред надлежниот јавен обвинител, а истрагата продолжува за целосно утврдување на контекстот на нелегалниот промет.









