ПРВ.мк

Уапсен екс директорот на Државни патишта Ејуп Рустеми

Уапсен екс директорот на Државни патишта Ејуп Рустеми
VERO Banner

Поранешниот директорот на Државни патишта, двајца вработени во оваа компанија како и сопственик на агенција за обезбедување утрово се приведени во полициска акција, дознава Сител од полициски извори.

Според информациите, приведен е екс директорот Ејуп Рустеми, раководителот на одделението на наплата на патарини и контрола Дрилон Зибери како и помошникот на директорот за одржување на патишта Ејуп Љатифи.

Покрај нив приведено е и уште едно лице сопственик на агенција за обезбедување.

Информацијата до овој момент нема официјална потврда од МВР или од Обвинителството.

Неофицијално, Сител дознава дека групата се гони за дела поврзани со корупција.

Извор: Сител

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран