Двајца вработени во ЈП „Национални шуми“ – Свети Николе заработија кривична пријава поради сомнение дека службени возила на претпријатието ги користеле за приватни потреби.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднела кривична пријава против двајца жители на градот, на возраст од 45 и 40 години, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „послужување во службата“.
Според информациите од МВР, на 25 мај 2026 година, кој бил неработен ден, двајцата наводно без одобрение и надвор од службените потреби користеле трактор и теренско возило во сопственост на „Национални шуми“.
Првопријавениот бил вработен како референт за превоз, а второпријавениот како ракувач со градежна машина.
Според полициската пријава, со службените возила тие превезувале огревно дрво од реонот на Шумско-стопанската единица „Ѓуриште“ до нивните домови во Свети Николе.
За случајот е поднесена кривична пријава, а понатамошната постапка треба да ги утврди сите околности и евентуалната кривична одговорност на пријавените.










