Александар Ѓорчески, обвинет за помагање на групата која ја грабна неговата ќерка, ќе сведочи на денешното рочиште.
Таткото на убиената Вања Ѓорчевска (14) тврди дека е невин за грабнувањето на неговата ќерка, која беше брутално убиена на 27 ноември 2023 година.
Тој ќе даде своја одбрана, а ќе биде испрашуван од неговиот адвокат Владимир Туфегџиќ, обвинителките и судот.
Очекува се одговори на прашањата што правел во критичните денови кога неговата ќерка била исчезната, како и да ја побие теоријата на Обвинителството според која дал информации кога девојчето ќе излезе од дома за да може да биде киднапирано.
Обвинението за него, дојде и по тврдење на еден инспектор кој бил вклучен во потрагата, дека Ѓорчевски се однесувал „чудно“ и дека постојано велел дека неговата ќерка е киднапирана.
Откако беа пронајдени телата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски, тогашниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски и обвинителот Гаврил Бубевски на конференција за медиумите директно го обвините Александар Ѓорчевски дека помагал во организацијата на грабнувањето на сопствената ќерка.
Спасовски и Бубевски тогаш изјавија дека „мотивот е користољубие, при што едно од лицата во договор и со знаење, според првичните сознанија, на член на семејството, го организира и извршува и кривичното дело, со цел да се изнудат пари од мајката на детето, од што сите осомничени би имале материјална корист“.