ПРВ.мк

Таравари денеска ќе поднесе оставка од министер за здравство

Таравари денеска ќе поднесе оставка од министер за здравство
Jumbo Banner

Министерот за здравство Арбен Таравари изјави за ТВ24 дека ќе ја поднесе својата оставка до Владата  – денеска.

Со заминувањето на Таравари, се очекува и други владини функционери и директори на јавни претпријатија да ги напуштат своите позиции, бидејќи Алијансата за Албанците одлучи да ја напушти ВРЕДИ и да остане во опозиција.

Таравари изјави дека оставката ќе ја поднесе утре, додека во вторник, на седница во Собранието, ќе треба да се констатираат оставките на функционерите и директорите од партијата на Таравари.

Сè уште не е познато дали вицепремиерот за добро управување, Арбен Фетаи од крилото на Алијанса за Албанците на Таравари, ќе го следи лидерот, бидејќи тој рече дека тие не остануваат во владата поради позициите што ги држат, туку за да се однесуваат како што гласачите на ВРЕДИ очекуваа промена.

Но, спред Таравари, оваа промена не е онаква каква што очекуваа граѓаните.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран