Финалниот трејлер за новиот „Супермен“ пристигна со спектакуларни сцени и ветување дека филмот ќе ја отвори новата ера на DC универзумот.
По долго очекување, студиото DC конечно го објави завршниот трејлер за најновата филмска адаптација на легендарниот суперхерој. Во фокусот на приказната е Кларк Кент (во интерпретација на Дејвид Коренсвет) и неговото вмешување во вооружен конфликт на странски терен, додека во Метрополис беснее епска битка.
Во трејлерот се појавуваат и други познати ликови од DC универзумот, меѓу кои Лоис Лејн, Лекс Лутор, Мистер Терифик, Хокгерл и Грин Лантерн, најавувајќи динамичен и содржински филм со богат наратив.
Режисерот Џејмс Ган најавува сосема нова визија за Супермен, инспирирана од култниот стрип „All-Star Superman“, како и од современи кинематографски хитови како „Top Gun: Maverick“.
Премиерата на филмот е закажана за 11 јули, а се очекува ова остварување да го означи почетокот на новата фаза во DC филмскиот универзум.
Погледнете го видеото во продолжение: