ПРВ.мк

Таравари бара брза постапка за неговиот кадар директор кој беше уапсен за мито

Таравари бара брза постапка за неговиот кадар директор кој беше уапсен за мито

Министерот за здравство Арбен Таравари бара брза постапка за неговиот кадар директор на здравствена установа кој беше уапсен денеска за барање мито.

,,Со оглед на фактот дека лицето М.А. е предложен од АА за времено решение за прв човек на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина “13 Ноември Скопје”, сметаме дека е неопходно да го соопштиме следното:

АА ги повикува надлежните државни органи во брза и ефикасна постапка да ги расчистат сите околности поврзани со конкретниот кривично правен настан.

Секој кој се огрешил пред законите мора да понесе одговорност, без разлика на етничка, верска или политичка припадност. Испораката на правда мора да биде неселективна и во согласност со сите уставно-правни механизми и темелни вредности.

Vero

АА останува силно посветена на борбата против корупција и темелна реформа на државниот систем со цел сите девијантни појави да бидат сведени на минимум. Албанскиот народ не заслужува да го претставуваат лица кои евентуално се обидуваат нелегално да се збогатат на здравствените маки на граѓаните.

Ова е недозволиво и надвор од принципите кои ги застапуваме. Партиските органи на АА ќе ги преземат сите неопходни статутарни чекори за зачувување на угледот на партијата”, се вели во реакцијата на Алијанса за Албанците објавена преку министерот Арбен Таравари.

Agria