ПРВ.мк
Македонија

СТРАШНА НЕСРЕЌА: Возач удри жена и побегна - МВР со детали!

СТРАШНА НЕСРЕЌА: Возач удри жена и побегна - МВР со детали!
Kristal

Вчера нешто пред 17 часот на улицата Његошева во Скопје се случи сообраќајна несреќа во која 69-годишната В.Д. се здоби со телесни повреди.

Возилото што ја удрило било „рено“ со скопски регистарски таблички, а зад воланот бил 46-годишниот А.С. Наместо да застане и да ѝ помогне, тој побегнал од местото на настанот.

Повредената жена била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде ѝ констатирале телесни повреди. Полицијата веднаш го лоцирала возачот и извршила службен разговор со него.

За случајот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape