ПРВ.мк
Македонија

Случајот доби нов тек – што се случува со девојката што бараше помош?

Случајот доби нов тек – што се случува со девојката што бараше помош?
Kristal

Здружението на Украинците во Македонија Лесја Украинка информира дека жена со мало дете, која се претставува како украинска државјанка и собира пари во центарот на Скопје, ги одбила сите понудени форми на помош од релевантните институции и хуманитарни организации.

Од здружението посочуваат дека нивни претставници стапиле во директен контакт со жената, откако добиле информации дека таа престојува пред маркети од синџирите КАМ и Тинекс. Во разговорот ѝ биле понудени повеќе можности за легален престој во државата, вклучително и аплицирање за азил, хуманитарен престој или туристички статус.

Покрај тоа, ѝ била понудена конкретна помош – обезбедување преведувач, поддршка при подготовка на документација, посредување за сместување и вработување, како и основни средства за живот, како храна и облека. Од здружението дури понудиле и СИМ-картичка за комуникација, бидејќи жената навела дека нема телефонски број.

Истовремено, во обидите за помош се вклучиле и други организации, меѓу кои Црвен крст на град Скопје, како и „Св. Спас“, „Легис“ и „Екрауд“. Сепак, и покрај широката поддршка, жената ги одбила сите понуди.

Според информациите, таа изразила незадоволство што нејзиниот случај станал јавен, наведувајќи дека тоа ѝ го отежнува собирањето пари. Иако ветила дека ќе стапи во контакт со здружението, тоа не се случило во наредните денови.

Од Лесја Украинка велат дека ги презеле сите можни чекори и се оградуваат од понатамошната одговорност за нејзината состојба и престојот во државата, нагласувајќи дека случајот сега е во надлежност на институциите. Воедно, упатија благодарност до граѓаните за вниманието и апелираа доколку повторно биде забележана, да се информираат надлежните.

SWM
Mozzart
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape