ПРВ.мк
Македонија

СКРШЕН МАКЕДОНСКИОТ СОН: ЕВЕ ШТО СЕ СЛУЧИ!

СКРШЕН МАКЕДОНСКИОТ СОН: ЕВЕ ШТО СЕ СЛУЧИ!
Kristal

Македонската ракометна надеж за сензација во Хернинг заврши без посакуван епилог. Данска не успеа да ја одигра улогата што ѝ беше потребна на Македонија и доживеа пораз од Португалија, со што директно се затвори патот кон продолжување на македонската приказна на Европското првенство.

Португалската селекција славеше со 31:29 и со тоа обезбеди одлична позиција пред почетокот на главната фаза, каде ќе влезе со два пренесени бода. Данска, иако избори пласман понатаму, ќе стартува без бодови, што значително ја отежнува нејзината понатамошна мисија.

Натпреварот донесе возбудлива и израмнета борба, но Португалија покажа поголема зрелост во клучните моменти. Кај Данците најрасположен беше Матијас Гидсел, кој ја затресе мрежата осум пати, додека португалската офанзива беше предводена од браќата Кошта. Кико и Мартим одиграа блескаво, постигнувајќи по девет погодоци и беа клучниот фактор за победата.

Со овој расплет, од Б-групата понатаму одат Португалија со два бода и Данска без бодови. Македонија, и покрај борбените настапи, го заврши шампионатот на третата позиција со освоени три бода, додека Романија остана на дното без ниту еден бод.

Македонскиот сон згасна, но борбата и прикажаната игра остануваат за паметење.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo