ПРВ.мк
Македонија

Скопјанец приведен поради криумчарење мигранти – пронајдени четири жени од Непал!

Скопјанец приведен поради криумчарење мигранти – пронајдени четири жени од Непал!

На 18 септември во вечерните часови, полициски службеници кај струшкото село Франгово привеле 40-годишен скопјанец под сомнение за криумчарење мигранти. Лицето било затекнато во близина на својот автомобил „Ауди“ со скопски регистарски ознаки, на магистралниот пат Струга – Ќафасан.

Во близина на возилото биле забележани четири женски лица кои се обиделе да избегаат, но веднаш биле запрени. Утврдено е дека се работи за четири државјанки на Непал – три од нив на возраст од 22 години, а една на возраст од 34 години.

Мигрантките и приведеното лице се предадени во ОВР Струга, каде што се спроведуваат понатамошни постапки. По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни пријави.

Escape