ПРВ.мк
Македонија

(ФОТО) СКАНДАЛ НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ: Спречен опасен шверц вреден милион денари!

(ФОТО) СКАНДАЛ НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ: Спречен опасен шверц вреден милион денари!

На Меѓународниот аеродром Скопје, царинските службеници спречиле обид за нелегален увоз на медицинска опрема вредна околу 16.000 евра. Турски државјанин се обидел да внесе 116 забни импланти скриени во својот личен багаж, без да ги пријави и без потребните дозволи за увоз.

Имплантите биле откриени за време на редовна контрола, при што било утврдено дека за овој вид стока се потребни посебни увозни дозволи, кои патникот не ги поседувал. Поради обидот за измама на царинските контроли, против него е поднесена кривична пријава за „криумчарење“.

Случајот повторно ја потенцира важноста од строгата контрола на медицинската и техничката опрема на границите, за да се спречат незаконски обиди за увоз и трговија.

Најнови вести