Надворешната канцеларија за криминалистички работи во Делчево поднела кривични пријави против четири лица поради сомневање за кривични дела поврзани со вонбрачен живот со малолетници, а едно од лицата е осомничено и за силување на дете под 15-годишна возраст.
Според информациите од МВР, меѓу пријавените се О.Л. (49) и Н.Л. (38) од Делчево, како и Н.П. (27) и О.П. (49) од едно струмичко село.
Во пријавата се наведува дека родителите О.Л. и Н.Л. од септември 2023 година дозволиле нивната малолетна ќерка да живее во вонбрачна заедница со Н.П., при што таа подоцна родила дете. Дополнително, од март 2024 година, истите родители наводно дозволиле и нивната втора малолетна ќерка да живее во слична заедница со О.П.
Против Н.П. е поднесена пријава за „вонбрачен живот со дете“, но и за „силување на дете кое не наполнило 15 години“, додека останатите се товарат за учество во кривичното дело „вонбрачен живот со дете“, согласно Кривичниот законик.
Надлежните институции информираат дека случајот е во фаза на целосно расчистување и се преземаат дополнителни мерки за утврдување на сите околности.










