ПРВ.мк
Свет

МИСТЕРИЈА НА АЕРОДРОМ: Авион слетал во време на забрана и исчезнал од радарите – нема официјални објаснувања!

МИСТЕРИЈА НА АЕРОДРОМ: Авион слетал во време на забрана и исчезнал од радарите – нема официјални објаснувања!

Необичен инцидент го привлече вниманието на јавноста откако мистериозен авион слетал на аеродромот во Zurich во раните утрински часови, и покрај тоа што во тој период важи забрана за слетување.

Според правилата, аеродромот е затворен за редовен сообраќај во периодот од 23:30 до 06:00 часот, а слетувања се дозволени само со специјална дозвола, најчесто за итни, воени или државни летови.

Од управата на аеродромот потврдиле дека во овој случај станува збор за лет одобрен од надлежна федерална институција во Швајцарија, што укажува дека летот спаѓа во категорија на специјални операции.

Според швајцарските медиуми, користејќи го бројот на летот, било утврдено дека се работи за авион од нискобуџетната компанија „Smartwings“, тип Боинг 737 Max 8, кој претходно полетал од Братислава без патници. Авионот слетал во Цирих, по што продолжил кон египетското летувалиште Хургада, а потоа и кон Бужумбура во Бурунди.

Дополнителен сомнеж предизвикал фактот што веб-камерите на аеродромот биле исклучени во моментот на слетувањето, како и тоа што авионот бил забележан во близина на административен притворски центар.

Овие околности отворија шпекулации дека можеби станува збор за депортациски лет, иако засега нема официјална потврда за тоа.

Ниту Државниот секретаријат за миграции, ниту Федералната канцеларија за цивилно воздухопловство не дале коментар за случајот, што дополнително ја зголемува неизвесноста околу овој необичен настан.