Започна реконструкцијата на крак од улицата „Шишка“, со вкупна површина од околу 1000 квадратни метри, како дел од пошироката програма за комунална изградба за 2025 година.

Проектот предвидува целосна обнова на оваа делница, што опфаќа отстранување на постојниот стар асфалт, изведба на тампон слој, поставување на атмосферска канализација и конечно ново асфалтирање.

Со оваа интервенција се очекува значително подобрување на инфраструктурата во овој дел, како и поефикасно одведување на атмосферските води, што треба да придонесе за поголема трајност на коловозот и подобри услови за сообраќај.










