Кога СДС и ДУИ го штитат судството, всушност штитат криминал од 167 милиони евра, Асмир Пуцко Петрол наместо во притвор го оставија дома. Со години Македонија ја трујат со отровен, канцероген мазут, и за тоа се платени стотици милиони евра од буџетот преку разни тендери, велат од ВМРО ДПМНЕ.
-Шемата во којашто се вмешани врвни функционери на СДС, како Васко Ковачевски кој е во бегство, синот на пратеникот Јахоски кој има бизнис мрежа која се протега до зетот на Али Ахмети е тешка 167 милиони евра. Оваа шема со години ја труеше Македонија, а тие испумпаа стотици милиони евра. Тоа што институциите го процесуирале до правосудните органи е веќе познато за целата јавност. Граѓаните знаат кој ги труел и притоа ги крадел. Само судиите на СДС и ДУИ ги штитат криминалците. Наместо најстроги мерки за обезбедување на присуство, судиите на СДС и ДУИ го пуштиле дома синот на пратеникот Јахоски, газда на Пуцко Петрол, се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ, во кое понатаму се додава:
-Иако помеѓу осомничените има лица кои се во бегство, како Васко Ковачевски, судот верува дека останатите нема да бегаат. Со што се увери судот дека и другите осомничени, кои се имотни, нема да се впуштат во бегство? Кој ќе одговара ако уште некој од осомничените избега? До кога судиите ќе им служат на СДС и ДУИ, а не на народот. Пресудите се носат во име на граѓаните, а не во име на партиите СДС и ДУИ. Судиите да се освестат и да почнат да работат по закон. Одговорноста за секој пропуст и криминал е нивна, велат од партијата.