ПРВ.мк

Македонија до 17 (жени) ја победи Словенија и го освои првото место на квалификацискиот турнир во Скопје

Македонија до 17 (жени) ја победи Словенија и го освои првото место на квалификацискиот турнир во Скопје
VERO Banner

Младата женска репрезентација на Македонија до 17 години забележа нова победа на квалификацискиот турнир (Б лига) за пласман во А дизивијата од квалификациите за ЕП. кој се одржува во Скопје.

Нашата репрезентација ја победија Словенија со минимален резултат 1:0 во битката за првото место во групата.

Женската репрезентација до 17 години, го освои првото место во групата 6 (Б лига) и обезбеди промоција во А лигата.

На тренинг центарот „Петар Милошевски” Македонија и Словенија одиграа тврд натпревар, со голема борба и пожртвуваност. Стрелец на единствениот погодок на денешната средба беше Настасја Накова во 8. минута.

Квалификациски турнир во Скопје;

Лига Б, Група 6;

Македонија – Словенија 1:0 (1:0)

МАКЕДОНИЈА: Евгенија Велјановска, Настасја Накова, Блехана Алиеска, Канита Емини, Мила Панева, Ева Величкова, Теона Галабовска, Меланија Грозданова, Ана Марија Цветкоска, Калина Попески, Елена Наумоска;

Селектор: Катерина Милеска;

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран