ПРВ.мк
Македонија

ШТО СЕ СЛУЧУВАШЕ УТРОВО КАЈ ВАРДАР? Маж скокнал во реката, интервенирале полицајци!

ШТО СЕ СЛУЧУВАШЕ УТРОВО КАЈ ВАРДАР? Маж скокнал во реката, интервенирале полицајци!

Утрово во Скопје е пријавен инцидент во кој машко лице завршило во водите на реката Вардар, во близина на населбата Острово, на подрачјето на општина Аеродром.

Според информациите од очевидци, на местото пристигнале полициски службеници кои интервенирале за да му помогнат на човекот да излезе од реката. По извлекувањето, тој бил преземен од екипа на Брза помош и пренесен во болница за да му биде укажана лекарска помош.

Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот и информираа дека пријавата била примена утрово.

„Денеска (14.09.2026) околу 08:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во водите на река Вардар на подрачје на Гази Баба скокнало едно машко лице. Од страна на полициски службеници излезено е на местото на настанот. Лицето со возило на Брза помош е пренесено во болница за укажување на лекарска помош“, соопштија од МВР.

Од полицијата додаваат дека се преземаат дополнителни мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

Најнови вести