ПРВ.мк
Македонија

ЗАБРАНА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ВОДА: Што се случува во Струга?

ЗАБРАНА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ВОДА: Што се случува во Струга?
Kristal

Жителите на Струга од вчера попладне се соочуваат со сериозни проблеми во водоснабдувањето, откако од чешмите почнала да тече темно кафеава вода. Надлежните институции веднаш воведоа целосна забрана за користење на водата.

Главниот извор за снабдување на градот, Шум, е целосно заматен, а првичните анализи на Центарот за јавно здравје покажуваат дека заматеноста е дури 30 пати над дозволеното. Водата е прогласена за технички неисправна и не смее да се користи ниту за пиење, ниту за готвење, ниту за лична хигиена.

„Направив мониторинг на терен и констатирав дека водата во изворот Шум е буквално како кал. Мерењата во куќите и училиштата потврдуваат екстремна заматеност. Ситуацијата е сериозна. На стружани им преостанува да купуваат флаширана вода или, во краен случај, да користат езерска вода за одржување хигиена“, изјави Лидија Симонска од Центарот за јавно здравје.

Здравствените власти предупредуваат дека Струга можеби ќе остане подолг период без безбедна вода за пиење, додека траат дополнителните анализи и мерки за решавање на кризата.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo